Судски процес против Ѓулен во Анкара

Архивска фотогалерија, исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен

Турскиот суд за тешки кривични дела во Анкара денеска го старуваше судскиот процес против исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен и луѓето поврзани со неговата организација, под обвинение за организирање на обидот за преврат во Турција во јули годинава.

На самиот почеток на рочиштето судијата соопшти дека адвокатот на Ѓулен, кому му се суди во отсуство, го информирал дека „нема да го брани обвинетитот“, јавуваат турските медиуми.

Адвокатот Алихан Унџу беше именуван како бранител на Ѓулен по службена должност од страна на Адвокатската комора од Анкара уште во септември годинава, но тој протестираше поради ваквата одлука и се закани со напуштање на асоцијацијата доколку не биде сменет од овој судски процес, но Комората го одби неговото барање.

Во рамки на овој судски процес обвинети се вкупно 73 лица, од кои најголемиот број се поранешни раководители и вработени во институциите под покровителство на организацијата на Ѓулен, како и неколкумина поранешни пратеници.

Јавното обвинителство за дел од обвинетите бара доживотни затворски казни. Обвинетите меѓу останатото, се товарат за обид за насилно уривање на Владата, за воена шпионажа и за фалсификување на службени документи.

Проповедникот Ѓулен живее во доброволен егзил во САД и негира каква и да е повразност со неуспешниот државен удар во Турција.