Иванов: Договорот со Бугарија се уште не е завршена работа

Средба на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов со новоизбраниот бугарски претседател Румен Радев, 22 ноември 2016

Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија не треба да биде пречка за развојот на билатералните односи, бидејќи се две пријателски и соседни држави кои ги поврзуваат многу нешта од минатото и кои имаат заедничка иднина. Ова се заклучоците од денешните средбите во Софија на македонскиот претседател Ѓорге Иванов со неговиот бугарски колега Росен Плевнелиев, и со новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев.

„Договорот меѓу нашите две земји се уште не е завршена работа. Веќе поминаа многу години да се изедначи текстот, бидејќи се настојува да постои симетричност во него и двете страни на некој начин да бидат задоволени“, изјави Иванов по средбите.

Освен за регионалната соработка, тема на разговор била и мигрантска криза, како и претстојните избори во Македонија и во Бугарија.