Русија со свои мерки против „експанзијата“ на НАТО

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков,

Кремљ го правда зајакнувањето на руските воени сили во ексклавата Калининград во Балтичкото Море со „експанзијата“ на НАТО кон руските граници.

„НАТО е навистина агресивен блок и Русија има суверено право да преземе неопходни мерки на целата територија на Руската Федерација“, рече портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

Претходниот ден рускиот пратеник Воктор Озеров, кој е претседател на Комисијата за одбрана во горниот дом на Парламентот, рече дека Москва ќе распореди ракетен одбранбен систем С-400 и нуклеарни ракети Искандер во Калининград.

Тој во коментар за новинската агенција РИА рече дека Русија била принудена да реагира на американските планови за ракетен штит во Источна Европа.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека распоредувањето на антиракетни системи од страна на Русија во близина на границата со земјите членки на НАТО Литванија и Полска ја дестабилизира европската безбедност.