Во Турција повлечен предлог законот за сексуално злоставување

Турскиот премиер Бинали Јилдирим

Турскиот премиер Бинали Јилдирим го повлече предлог законот со кој мажите кои силуваат малолетни девојчиња би биле ослободени од обвинение во случај да склучат брак со нив. Деновиве илјадници демонстрани се собраа во Истанбул и Анкара за да протестираат за законот на Ердоган со кој би се легализирало злоставувањето на девојчиња помлади од 15 години. Исто така, доколку законот стапеше во сила, над илјадници сексуални злосторници ќе беа помилувани.