Трамп вети дека ќе го откаже Пацифичкиот трговски договор
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вети дека уште првиот ден откако ќе ја преземе функцијата ќе се откаже од контроверзниот Пацифички трговски договор. Тој ова го изјави во видео порака во која ги посочува приоритетите за време на првите сто дена од неговото претседателствување.