Партиите во Македонија ја започнаа изборната кампања

Зоран Заев, претседател на СДСМ, на 20-ти Конгрес на партијата, 02.10.2016

Повеќето политички партии во Македонија кои учествуваат на вонредните парламентарни избори на 11 декември со митинзи и средби со граѓаните ја започнаа кампањата. Владејачката ВМРО ДПМНЕ на митингот во Охрид вети подобрување на сдандардот на граѓаните обвинувајќи го СДСМ дека сака да ја растури Македонија. СДСМ на првиот митинг во Прилеп ја обвини владата на поранешниот премиер Никола Груевски за грабеж во Македонија. „Трошат народни пари за да се збогатат“, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев. ДУИ кампањата ја започна од кумановското село Липково, ДПА од скопско Студеничани. Коалицијата опозициски десни партии „ВМРО за Македонија“ кампањата ја почнува денеска во Охрид. На изборите учествуваат пет коалиции, како и шест партии кои излегуваат самостојно.