Саркози го призна поразот во конзервативниот блок

Поранешниот француски претседател Никола Саркози

Поранешниот француски претседател Никола Саркози го призна поразот во првата рунда од трката во конзервативниот блок за кандидат на претседателските избори во 2017 година. „Не успеав да ги уверам гласачите“, изјави тој во говорот пред неговите приврзаници откако ненадејно се најде на треттото место зад Франсоа Фијон и Алан Жипе, кои во идната недела ќе се тркаат кој ќе ја добие кандидатурата. Саркози рече дека ќе гласа за Фијон кој беше француски премиер од 2007 до 2012 година.