Обама сака договор за Украина, не е оптимист за Сирија

Претседателот на САД Барак Обама на прес конференција во Лима, Перу, 20.11.2016.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека сака да постигне договор за Украина пред да замине од функцијата во јануари идната година. Обама на прес конференцијата во Лима на маргините на Азиско Пацифичкиот економски самит ги критикуваше Иран и Русија за нивната улога во војната во Сирија. Обама рече дека разговарал со рускиот претседател Путин за Украина и побарал од него да им каже на руските преговарачи да направат се што можат заедно со САД, Франција, Германија и Украина да се постигне договор пред да му заврши неговиот претседателски мандат. Обама додаде дека не е оптимист за скорашната иднина на Сирија каде што владините сили поддржани од руски авиони бомбардираат делови кои се под контрола на бунтовниците.