Во Македонија започнува изборната кампања

Денеска започнуваат кампањите на партиите за изборите во Македонија на 11 декември. ВМРО ДПМНЕ, традиционално кампањата ќе ја започне со митинг во Охрид. СДСМ годинава започнува во Прилеп, а партијата ДУИ која вчера ги претстави носителите на листите во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје официјалниот почеток на кампањата го има денеска во Липково. Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ја почнува кампањата утре во Охрид. „Коалицијата за промени и правда“ пак стартува денеска во хотел „Континентал“ во Скопје.