Руско вселенско летало пристигна во Меѓународната вселенска станица

Руското вселенско летало тргнува кон Меѓународната вселенска станица, Казахстан, 18 ноември 2016

Руското вселенско летало вчера пристигна во Меѓународната вселенска станица носејќи тројца астронаути на шест месечна мисија во орбитата. Астронаутите Олег Новицки од Роскосмос,Пеги Витсон од НАСА и Томас Пескует од ЕСА тргнаа на 19 ноември од Бајконур во Казахстан.

Со пристигнувањето на тројцата во Меѓународната вселенска станица целосниот персонал се искачи на шест астронаути. Таму веќе се Русите Андреј Боришенко и Сергеј Ризниког и Американецот Шајн Кимброу.

Астронаутите ќе соработуваат во повеќе научни експерименти од областите на биологијата и физиката.