Јолевски се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО

Министерот за одбрана на Македонија Зоран Јолевски

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, вчера, во тек на учеството на Безбедносниот форум во Халифакс, Канада, оствари средбата со заменик генералниот секретар на НАТО Росе Готемолер, со кого разговарале за интеграцијата на Република Македонија во НАТО, мигрантската криза и претстојните избори во државава. Според соопштението од Министерството за одбрана, Јолевски информирал за реформите во одбранбениот сектор и за процесот на модернизацијата на АРМ.

Јолевски, како што се наведува во соопштението, истакнал и дека Македонија ги исполнила сите критериуми за членство во НАТО уште во 2008 година, додавајќи дека е променетото геополитичко опружување во Европа и светот и заради тоа се укажува на потребата што поскоро интегрирање на Македонија во НАТО. Заменик генералниот секретар на НАТО Росе Готемолер ги поздравил реформите и зголемениот буџет за одбрана, посебно за расположивите средства за модернизација. Исто така, стои во соопштението, истакнал дека следната година НАТО ќе има поголем фокус на југоисточна Европа, односно Западен Балкан.

На панелот на Безбедносниот форум Халифакс, посветен на иднината на НАТО, покрај заменик генералниот секретар на НАТО, говореа и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ и сенаторката Џин Шахин.