Краток прекин на огнот во Јемен

Јеменски војник лојален на владата

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија која врши воздушни напади во Јемен прогласи 48 часовен прекин на огнот кој почна на полноќ. Ова е трет прекин на огнот годинава.

Тој може да биде продолжен ако бунтовниците Хути во Јемен го потпишат прекинот на огнот и дозволат хуманитарна помош во областите под нивна контрола, јави саудиската новинска агенција.

Меѓународната коалиција се бори против бунтовниците Хути кои се поддржани од Иран од март 2015 година. Според Обединетите нации за време на конфликтот биле убиени повеќе од 10 000 луѓе.