Путин пристигна во Перу

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се сретне со лидерите на Кина,Јапонија,Виетнам, Филипини и Перу на маргините на самитот на азиско-пацифичката група за економска соработка АПЕК.

Путин денеска пристигна во Лима за да присуствува на самитот, но и да одржи низа билатерални средби. Тие почнуваат со разговор со претседателот на Виетнам чија земја следната година го презема ротационото претседателство на АПЕК. Потоа, Путин ќе се сретне со филипинскиот претседател Родриго Дутерте, а по него и со премиерот на Перу Пабло Кучунски. Двајцата првпат се сретнуваат со Путин.

Средбата на рускиот претседател со неговиот кинески колега Кси Џипинг пак ќе биде петта годинава. На последната средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе се очекува двајцата лидери да разговараат за агендата поврзана со посетата на Путин на Јапонија на 15 и 16 декември.

Нема закажана средба со претседателот на САД Барак Обама, но Кремљ соопшти дека можеби ќе се појави можност за разговор на маргините на самитот.