Кравчук-Потребно е мирно решение во Украина

Првиот претседател на Украина Леонид Кравчук

Првиот претседател на Украина кој помогна во мирното раздвојување од Советскиот сојуз пред 25 години вели дека денешните украински лидери мора да најдат слично мирно решение и за актуелниот конфликт со сепаратистите на истокот од земјата. Зборувајќи во Вашингтон, на настан организиран од Атлантскиот совет, Леонид Кравчук рече дека западот треба да продолжи со економскиот притисок врз Русија преку санкциите додека тие не престанат со агресијата во Украина, сепак додавајќи дека нема да се постигне ред во светот само преку санкции.

Според него единствената опција за Украина на крајот е да договори мир преку дијалог и нема други постоечки можности. Кравчук претходно рече и дека додека тој е подготвен да земе оружје за одбрана на својата држава, смета дека Русија брзо би ја победила Украина ако дојде до војна меѓу нив.