Меркел в недела ќе побара четврти мандат

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка Ангела Меркел на заедничка прес-конференција во Берлин, 17 ноември 2016.

Германската Христијанскo демократска партија на канцеларката Ангела Меркел најави прес-конференција на 20 ноември, на која се очекува Меркел да ја објави нејзината намера да бара нов, четврти мандат, по ред на изборите закажани за следната година.

Германските медиуми денеска цитираа официјални лица од партијата, според кои Меркел ќе ги објави своите планови за избори пред годишниот конгрес на партијата кој треба да започне на 6 декември.

Меркел на вчерашниот заеднички настап со американскиот претседател Барак Обама во Берлин, изјави дека плановите за изборите ќе ги објави, како што рече, „во соодветно време“.

Анкетата објавена на 18 ноември покажува дека партијата на Меркел би освоила 32 отсто од гласовите ако сега се одржат избори, а нивниот коалициски партнер, Социјалдемократската партија би освоила 23 проценти. За опозициската Зелената партија би гласале 13 отсто од избирачите, а десничарската Алтернатива за Германија која застапува анти-мигрантска политика би освоила 12 проценти доколку сега се одржат избори.