ДИК со ждребка ќе го одреди редоследот на избирачките листи

Архива - Жребување во Државната изборна комисија (ДИК) за редоследот на кандидатите на избирачкиот список.

Државната изборна комисија денеска ќе спроведе жребување за редоследот на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи - ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

Во понеделник на 21 ноември почнува дваесетдневната изборна кампања која ќе заврши на 9 декември.