Турција: обвинителството бара приведување на 103 професори

Карта на Турција

Турското обвинителство нареди приведување на 103 професори од истанбулски универзитет во рамките на истрагата против следбеници и симпатизери на исламскиот духовник Фетулах Ѓулен. Ѓулен е обвинет од Анкара дека ја предводи терористичката организација ФЕТО и е одговорен за обидот за преврат од 15 јули.

Истрагата е фокусирана на Техничкиот универзитет Јилдиз во Истанбул. Според Хуриет, веќе се приведени 70 лица од тој универизтет во акции во градот извршени од полицијата.