Русија го осуди Стејт департментот за критиките кон новинарот на РТ

Тимот на РТ на прес-конференција.

Руското Министерство за надворешни работи остро реагираше на соочувањето на рускиот ТВ репортер и портпаролот на Стејт департментот на САД, кој го критикувал работодававецот на новинарот.

Претставници на Стејт департментот во минатото редовно имаа судири со новинарите на сателитскиот телевизиски канал „Раша тудеј“ РТ, којшто е контролиран од руската влада, а државниот секретар Џон Кери еднаш го нарече „пропаганден мегафон.“

На дневниот брифинг на Стејт департментот во Вашингтон, портпаролот Џон Кирби одговорил на прашањето на новинарот на РТ, Гајан Чичакијан, велејќи дека би требало да ја праша руската влада за нејзините акции во Сирија.

„Се извинувам, но нема да ја ставам „Раша тудеј“ на исто ниво со останатите кои претставуваат независни медиуми“, рекол Кирби.

Тоа предизвикало остро реакција во Москва. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, одговорот го нарече „срамотен инцидент.“

Таа рече дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за прашањето ќе разговара со државниот секретар на САД, Џон Кери.