Молдавија обвини дипломат за нелегално издавање визи

Разузнавачката и безбедносна служба на Молдавија.

Молдавските власти го уапсиле конзулот на земјата во турскиот град Истанбул, обвинувајќи го за земање мито од луѓе од Блискиот Исток во замена за визи и други документи.

Канцеларијата на молдавскиот обвинител и разузнавачките служби СИС, на заедничка прес-конференција денеска соопштија дека на Вацеслав Филип му бил одреден притвор од 72 часа, откако пристигнал од Истанбул на аеродромот во Кишињев.

Властите тврдат дека Филип нелегално издавал визи за стотици долари на луѓе од Сирија и Ирак.