Кирацовски предаде документи во МВР за злоупотреби во администрацијата

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски.

Дополнителниот замник министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски му предал документи од вработени во администрацијата кои содржат јасни индиции дека раководни кадри во институциите ја злоупотребиле службената положба за партсики цели, се вели во соопштение на интернет странциата на МВР.

Кирацоски денеска одржал работна средба со Спасовски на која му ги предал документите добени предку веб-станицата која тој ја отворил за пријавување злоупотреби во предизборниот период.

Според Кирацовски документите содржат индиции дека раководните лица влијаеле врз вработени во администрацијата да присуствуваат на партиски митинзи и да го дадат својот глас за одредена партија на изборите на 11 декември.

Спасовски ги прими документите и истакна дека Министерството за внатрешни работи ќе пристапи кон проверка на индициите наведени во документите и ќе постапи согласно своите надлежности.