Во изминатите два дена загинале 340 мигранти

Италијанската морнарица во спасувачка мисија на мигранти во Средоземното Море. 30.08.2016

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека загинале 340 потенцијални мигранти или се исчезнати во изминатите два дена, додека се обидувале да го поминат Средоземното Море и да стигнат во Европа.

Портпаролот на ИОМ, Флавио Ди Џакомо денеска изјави дека 130 луѓе загинале кога потонал гумен чамец доцна вечерта претходниот ден, со што се зголеми бројот на жртвите од претходните три трагедии од 16 ноември наваму.

Џакомо рече дека криумчарите во Либија ги прионудиле потенцијалните мигранти да се качат на чамците и покрај лошите временски услови.

Тој посочи дека во текот на 2016 година загинале 4.500 потенцијални мигранти додека се обидувале да стигнат во Европа.