Обама последен пат во посета на Германија

Претседателот на САД, Барак Обама за време на посетата на Атина. 16.11.2016

Претседателот на САД, Барак Обама ја прави шестата и последна посета во Германија, каде ќе одржи разговори со канцеларката Ангела Меркел.

Обама пристигна од Грција вечерта на 16 ноември и имаше приватна вечера со Меркел, пред нивните формални средби денеска.

Обама на 18 ноември ќе се сретне со лидерите на Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија и ќе дискутираат за транс-атланските односи, по изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

Однсите меѓу САД и Германија значително беа подобрени во двата мандати на Обама, по несогласувањата меѓу Берлин и неговиот претходник Џорџ Буш за војната во Ирак и за други политики.

Обама потоа ќе го направи неговото последно патување како претседател. Тој ќе го посети Перу, каде ќе учествува на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка.