Одложено рочиштето за настаните во Општина Центар

Основен суд Скопје 1.

Основниот суд Скопје 1 соопшти дека адвокатот Никола Додевски, којшто е бранител на М.Ј. - второобвинет во предметот во врска со настаните од Општина Центар, го известил судот дека е спречен да присуствува на закажаната главна расправа закажана за 21.11.2016 година.

Додевски бил организатор на дводневна работилница за имплементација на Законот за одмерување на казни, заедно со Адвокатската комора, амбасадата на САД во Скопје и Бирото за меѓународна борба против наркотиците и спроведување на законите и оти настанот бил закажан пред да ја добие поканата за закажаната главна расправа.

Главната расправа е презакажана за 16.12.2016 година, се вели во соопштението на Основниот суд Скопје 1.