На Плутон имало огромен океан

Слика од површината на Плутон испартена од леталото „Нов хоризонт“, 14.07.2015.

Научниците нашле докази дека планетата Плутон криела огромен океан под замрзнатата површина. Во него имало повеќе вода отколку на Земјата. Ова откритие го става Плутон во листата на планети во Сончевиот систем за кои се верува дека имаат вода, а со тоа и можност за развој на живот. Океанот на Плутон е на околу 200 километри под неговата површина, а длабок 200 километри. Откритието било направено врз основа на анализата на податоците добиени од вселенското летало „Нов хоризонт“ кој поминал во близина на Плуттон во јули 2015 година.