Конгресот против продажба на американски фирми на кинески државни компании

Капитол Хил, Вашингтон

Во Конгресот на САД се подготвува закон да им се забрани на кинески државни компании да купуваат или да имаат контрола врз американски приватни фирми. Загриженоста е дека на таков начин кинеските компании би можело да ја искористат технологијата и пазарната моќ во полза на кинеската држава. Во специјално подготвениот извештај се наведува дека расте бројот на обиди за купување американски фирми од страна на државни компании во Кина. Според проценките, кинеското инвестирање во САД годинава ќе изнесува рекордни 30 милијарди долари. Седум ипол милијарди се од кинески државни компании.