Обама во Атина: "Демократијата е поголема од едно лице"

Aмериканскиот претседател Барак Обама

Претседателот на САД Барак Обама ја потврди својата вера во демократијата и отворените пазари како најдобар пат кон слободата и благосостојбата, но предупреди дека владата мора да стори повеќе за да обезбеди сите граѓани да уживаат во придобивките. Говорејќи денеска во Атина, Обама рече дека "демократијата е поголема од било кое едно лице" и додаде дека овој квалитет е она што ја прави демократијата на САД стабилна . "Следниот американски претседател и јас сме многу различни, но американската демократијата е многу поголема од една личност ", рече Обама. Говорејќи по обиколката на Акропол, Обама изрази "голема благодарност за Грција за тоа што таа земја му има дадено на човештвото низ вековите. "Обама, кој претходно изјави дека победата на Трамп се должи делумно на економската несигурност, сомнежот за елити, како и грижите за глобализацијата, исто така, рече дека силата на демократијата може да се обезбеди само ако граѓаните не се чувствуваат оставени во брзата светска глобализација .