Ердоган: Белгија е центар на поддржувачите на ПКК

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја обвини денеска Белгија дека е важен центар на поддржувачите на Курдската работничка партија (ПКК) и исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого официјална Анкара го обвинува за воениот преврат на 15 јули.

Ердоган на прес-конференција во Анкара истакна дека на германски официјални претставници им покажал докази дека една организација во Германија собирала финансиски средства за ПКК.

Турскиот претседател ја обвини Германија и дека не е целосно посветена на борбата против тероризмот и дека ја поддржува ПКК