Хамнеи: Иран е рамнодушен кон исходот од изборите во САД

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи,

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека неговата земја е рамнодушна кон исходот od претседателските избори во САД, велејќи дека и демократите и републиканците се против Иран. Резултатите од изборите не прават разлика на нас, рече Хамнеи денеска во говорот во централниот град Исфахан. Економските санкции против Иран беа олеснети во јануари, по нуклеарна договор со светските сили, за намалување на контроверзната нуклеарна програма на земјата. Но, новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп за време на кампањата за Белата куќа изјави дека тоа е "ужасен" договор од кој корист има само Иран и дека ќе "го искине", ако тој биде избран за претседател. Сепак, тој призна дека ќе биде тешко да се уништи договорот кој е содржан во резолуцијата на Обединетите нации.