Спасовски: Граѓаните да пријавуваат притисоци во изборната кампања

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Минстерот за внатрешни работи Оливер Спсовски од Струмица каде го посети Секторот за внатрешни работи денеска апелираше граѓаните да пријават каков било притисок во текот на изборната кампања

Спасовски изјави и дека полициските службеници не смеат да учествуваат во ничија партиска кампања, туку сериозно да внимаваат на какви било злоупотреби од државната администрација или од директори на подрачните единици и доколку забележат таков случај, да го процесуираат.

- Заради иднината на Македонија е многу важно да имаме фер и кредибилен изборен процес, а тоа ќе го оствариме само доколку имаме професионално работење од страна на припадниците на МВР од една, и партнерски односи со граѓаните од друга страна, истакна Спасовски.