Русија се повлече од Меѓународниот кривичен суд

Меѓународниот кривичен суд

Русија соопшти дека формално го повлекла својот потпис од оснивачкиот статут на Меѓународниот кривичен суд.
Со декрет потпишан денеска, претседателот Владимир Путин му нареди на Министерството за надворешни работи да ги извести Обединетите нации за решението.

Судот "не успеа да стане вистински независен и авторитетен меѓународен судски орган", се вели во соопштението на министерството.

На 14 ноември, главниот обвинител на МКС Фату Бенсуде, прв пат изјави дека конфликтот во Украина треба да се смета за меѓународен оружен конфликт меѓу Русија и Украина.

Русија во 2000 та година го потпиша Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, кој беше формиран за судење на воените злосторства, но земјата не го ратификуваше договорот за членство.