Пакистан ги протера наставниците поврзани со Ѓулен

Меѓународни училишта и колеџи Парк Турк во Исламабад

Пакистан нареди депортација на 500 луѓе меѓу кои наставници и друг турски кадар во училиштата, поради наводни врски со Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за организирање на неуспешниот државен удар во јули. Според извештаите, наставниците од приватните меѓународните училишта и колеџи Парк Турк биле замолени да ја напуштат земјата до 20 ти ноември, бидејќи нивните барања за продолжување на визите не биле одобрени. До овој потег доаѓа додека Пакистан се подготвува да биде домаќин на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во Парк Турк се едуцираат над 10.000 ученици од Пакистан. Овие училишта негираат каква било поврзаност со свештеникот Ѓулен или неговото движење.