ДИК: Од понеделник почнува изборната кампања

илустрација

Изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието на Македонија закажани за 11 декември ќе започне на 21 ноември, соопшти Државната изборна комисија. Од таму потсетуваат дека од денот на распишување на изборите се до почетокот на изборната кампања, радиодифузерите и печатените медиуми не смеат да емитуваат, односно да објавуваат платено политичко рекламирање. За прекршителите на овие одредби, Државната изборна комисија ќе иницира поведување соодветни постапки согласно своите надлежности. Висината на глобите за ваквите прекршоци се определени во член 181 и 182 од Изборниот законик.