Високиот крвен притисок е поголем проблем во сиромашните земји

Бројот на луѓето со висок крвен притисок во светот е за двапати поголем од пред 40 години и сега изнесува милијарда и 100 милиони. Според најновата научна студија, со овој проблем повеќе се соочуваат луѓето во сиромашните отколку во богатите земји. Во испитувањето биле мониторирани 20 милиони возрасни во 200 земји од 1975 до 2015 година и притоа е откриено дека бројот на оние со висок притисок нагло опаднал во побогатите земји, можеби поради кампањите за диети и здрав живот, но и подобриот пристап до лекови. Хипертензијата останува сериозен здравствен проблем во Централна и Источна Европа, каде што секој трет живее во таква состојба.