Уапсени 5 лица кои планирале напади во Русија

Илустрација

Руската служба за безбедност соопшти дека уапсила 5 лица кои се осомничени за поврзаност со милитантната група Исламска држава кои планирале напади во земјата. Според соопштението, биле спречени активности на групата за извршување на кривични дела од терористичка и екстремистичка природа во Москва и во регионот Ингушетија во Северен Кавказ. За време на операцијата во домовите на осомничените било пронајдено и огнено оружје, две рачно изработени бомби, како и различни видови на муниција.