Павлопулос пред Обама го покренал и спорот со името

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос на денешната средба со неговиот американски колега Барак Обама кој е во посета на Атина истакнал три прашања, меѓу кои и спорот со името на Македонија. Павлопулос му рекол на Обама дека „фактот што соседната земја инсистира на името претставува иредентизам и значи промена на границите и ја поткопува европската перспектива на земјата“.

Катимерини јави дека Павлопулос повикал и на брзо решавање на кипарското прашање со гаранции и потребата да се брани Договорот од Лозана. Обама се осврнал на пошироки прашања, како мигрантската криза и потребата за обединет напор за справување со неа.