Турција уморна од двојните стандарди на ЕУ

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу по средбата со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмаер изјави дека одлуката за продолжување на преговарачкиот процес на неговата земја со Европската унија ќе ја донесат граѓаните.

Според него, Турција се уморила од двојните стандарди, кои ЕУ ги применува кон земјата, како и од понижувачкото однесување. Тој посочи и дека земјата нема забелешки за критериумите за членство, кои на сите им се познати.