Германската полиција во потрага по исламисти

Германската полиција во претрес на еден дом во Бон, 15.11.2016.

Германската полиција денеска започнала претрес на околу 200 џамии, станови и канцеларии на припадници и симаптизери на исламистичката група „Вистинска религија“. Рацијата уследи откако германската влада ја забрани таа организација поради сомневање дека регрутирала 140 џихадисти за борба во редовите на милитантите на Исламската држава. Претреси биле извршени во неколку градови на западот на Германија, во Берлин и во централната покраина Хесен.