Рускиот министер за економија уапсен за поткуп

Рускиот министер за економија Алексеј Улиукаев зборува за агенцијата Ројтерс, Москва 01.11.2016.

Рускиот министер за економија Алексеј Улиукаев е уапсен под сомневање дека земал 2 милиона долари поткуп за да посредува во преземањето на фирмата Башнефт од страна на државниот гигант Роснефт во минатиот месец. Тој е највисок функционер во руската влада кој е уапсен од 1991 година. Улиукаев бил задолжен за контрола на приватизацијата на регионалната нафтена компанија Башнефт во вредност од над 5 милијарди долари. Рускиот истражен комитет кој директно му рапортира на рускиот претседател Владимир Путин соопшти дека наскоро ќе излезе и со официјално обвинување против министерот за економија.