Шведска обвинителка го сослушува Асанж

Oсновачот на Викиликс, Жулијан Асанж зборува пред медиумите од балконот на Еквадорската амбасада во Лондон на 5 февруари 2016

Шведската обвинителка Ингрид Исгрен го испрашува основачот на Викиликс, Жулијан Асанж, во еквадорската амбасада во Лондон поради обвиненијата за силување против него. Исгрен ги слуша одговорите на прашањата што на 45-годишниот Асанж му ги поставува еквадорскиот обвинител. Асанж најде засолниште во амбасадата пред четири години, стравувајќи од екстрадиција. Неговиот адвокат рече дека сослушувањето може да трае со денови.

Асанж стравува дека британските власти може да го испратат во Шведска, од каде што може да биде екстрадиран во САД, каде што има други обвиненија против него.

Две жени од Шведска во 2010 година против него поднесоа обвинение за силување. Тој рече дека обвиненијата се политички мотивирани и оти со жените имал доброволни сексуални односи. САД, пак, го бараат под обвинение за објавувањето на 500 илјади тајни воени документи за војните во Ирак и во Авганистан.