Трамп ги објави првите наименувања

Новоизбраниот претседател на САД Доналад Трамп и претседавачот на Републиканската партија Рајнс Прибус, Њујорк 09.11.2016.

Новоизбраниот претседател на САД Доналад Трамп го наименува претседавачот на Републиканската партија Рајнс Прибус за шеф на кабинетот во Белата куќа, а конзервативниот медиумски менаџер Стивен Бенон за свој главен советник. Прибус е вашингтонски ветеран со широки врски во Републиканската партија, посебно со претседавачот на Претставничкиот дом на Конгресот Пол Рајан. Нити Прибус, ниту Бенон имаат поголемо искуство во извршната власт. Инаку, Трамп во интервју за Си Би Ес повика на крај на расистичките напади кои белажат зголемување по неговата изборна победа.