ЕУ ќе чека на потезите на Трамп за меѓународната соработка

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Министрите за надворешни работи на ЕУ решија синоќа, на неформалниот состанок во Брисел посветен на односите со САД, да почекаат да видат какви потези ќе преземе новиот американски претседател Доналд Трамп, ветувајќи дека ќе работат на јакнење на улогата на Унијата во светот. На состанокот на кој не учествувал шефот на британската дипломатија Борис Џонсон, министрите ја подвлекле важноста од почитувањето на изборот на американските гласачи и од создавањето контакти со тимот на Трамп. Членките на ЕУ страхуваат дека некои од ставовите на Трамп изнесени во предизборната кампања тој ќе ги преточи во активна политика, како например изолацијата на САД во однос на безбедноста и отфрлање на меѓународните трговски спогодби, како и пофелбите до рускиот претседател Владимир Путин.