Временска прогноза – Сончево со мала облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во западните делови ќе има поголемо наоблачување и услови за слаб локален дожд, а на планините ќе има повремен слаб снег. Преку денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од девет до 13 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 12 степени.

Во почетокот на наредната недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, но постудено. Во вторник се очекува слаб локален дожд. Утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под нулата. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.