Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот врз воената база Баграм

Авганистански војници и полицајци ја обезбедуваат воената база на НАТО во Баграм по нападот

Талибанците ја презедоа одговорноста за експлозијата во воената база на НАТО во Баграм, северно од главниот град на Авганистан, Кабул. Во нападот загинаа четири лица, а најмалку 14 беа повредени, соопштија силите на НАТО во Авганистан. Нема детали за нападот, но медиумите јавуваат дека еден човек, претставувајќи се како работник, добил пристап до базата, каде што го активирал експлозивот што го носел на себе. Баграм често е мета на талибански напади.