Турција забрани 370 невладини организации

Турско знаме на поставено на околопно возило пред зградата на Парламентот во Анкара.

Турското Министерство за внатрешни работи денеска ја прекина дејноста на 370 невладини организации, кои се осомничени за поврзаност со терористички групи.

Министерството соопшти дека 153 од овие организации се поврзани со исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, 190 со Курдската работничка партија (ПКК), 19 со Револуционерната партија и фронт за народно ослободување и осум соработуваат со џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Властите наведуваат дека дејноста на организациите е прекината со цел „да се гарантира безбедноста и да се заштитат јавниот ред и мир“.

Одлуката е донесена врз основа на законот за вонредна состојба, која е воведена на 21 јули во траење од три месеци по неуспешниот обид за воен преврат, а потоа на 11 октомври турскиот Парламент ја продолжи за уште три месеци.