Трамп денеска ги пофали демонстрантите

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ги пофали демонстрантите дека имале страст за нивната земја, откако претходно ги обвини дека биле „професионални демонстранти“ поттикнати од медиумите.

„Ми се допаѓа фактот што мала група демонстранти имаа страс минатата ноќ за нашата голема земја. Ние сите ќе се здружиме заедно и ќе бидеме горди“ напиша денеска Трамп на Твитер.

Претходниот ден Трамп напиша: „само што имаше многу отворени и успешни претседателски избори. Сега протестираат професионални демонстранти, поттикнати од медиумите. Многу нефер!“

Главно мирните протести вчера се случуваа во Вашингтон, Балтимор, Филаделфија, Њујорк, Лос Анџелес, Сан Франциско, Оукленд и Портланд.