Во БиХ уапсен поранешниот телохранител на Изетбеговиќ

Акција на полицијата во БиХ во јуни 2014 година. Илустративна фотографија.

Припадниците на полицијата и Министерството за внатрешни работи на Република Српска денеска уапсиле неколку лица во акција спроведена во Сараево.

Медиумите во земјата пишуваат дека се упасени поранешниот министер а внатрешни работи на Босна и Херцеговина, Алија Делимустафиќ и Јусо Шкријељ, поранешниот телохранител на Алија Изетбеговиќ.

Азра Бавчиќ, портпаролот на Обвинителстовто на Кантонот Сараево потврди дека е во тек реализацијата на акцијата „Правда“, која се остварува во соработка со Бирото за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) и МРВ на РС.

„По повеќемесечната истрага Обвинителството на КС во тек е реализација и апсење на повеќе лица. Се врши претрес на 60 колации на подрачјето на Федерацијата Босна и Херцеговина, Република Српска и Хрватска“, истакна Бавчиќ.

Станува збор за кривични дела за организиран криминал поврзан со злоупотреба на службена должност, повреда на правото на судијата, перење пари и измами.