Обама: дополнителни над 11 милијарди долари за Ирак и Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот дополнителни 11,6 милијарди долари за војната против милитантите во Авганистан и Ирак. Скоро 6 милијарди долари се предвидени за воените операции на Пентагон во Авганистан и за кампањата против милитантите на ИД во Ирак и Сирија. Преостанатите пари се побарани за Стејт департментот и за УСАИД во рамките на нивните активности за борба против екстремизмот. Конгресот по изборната кампања се враќа на работа главно во врска со легислативата околу финансиските прашања се до јануари идната година кога ќе почне да заседава неговиот нов состав.