Обама и Трамп разговараа за транзицијата на власт во Белата куќа

Првата средба на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и актуелниот претседател Барак Обама во Белата куќа, 10 ноември 2016

Американскиот претседател Барак Обама го поздрави новоизбраниот претседател Доналд Трамп, при неговата посета на Белата Куќа која е дел од транзицијата на власта.

Обама по состанокот со Трамп изјави дека тие разговарале за надворешната и внатрешната политика, додавајќи дека е важно заедно да се соочат со предизвиците.

Трамп изјави дека средбата траела подолго од планираното и дека тие разговарале за „многу ситуации, вклучувајќи и некои проблеми.“

Посетата на Трамп на Белата куќа доаѓа по поканата на Обама, како дел од транзицијата на власта. Денеска во Белата Куќа се сретнаа и првата дама Мишел Обама со сопругата на Трамп, Меланија Трамп.

Трамп своето место во Белата куќа ќе го заземе на 20 јануари 2017.