Шефот на британската дипломатија во посета на Косово

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Шефот на британската дипломатија, Борис Џонсон во посета на Косово.

Британскиот државен секретар Борис Џонсон го повика Косово да продолжи со процесот на нормализација на односите со Србија.

Во рамките на балканската турнеја, Џонсон денеска во Приштина се состана со претедателот на парламентот на Косово, Кадри Весели.

Во обраќањето во косовскиот парламент, Џонсон истакна дека Косово и Србија имаат заеднички интерес од воспоставување нормални односи.

Велика Британија е меѓу 112-те земји кои ја признаа независноста на Косово.