Клинтон доби повеќе директни гласови од Трамп

.

Демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон доби повеќе директни гласови од нејзиниот републикански кандидат Доналд Трамп, но загуби според бројот на гласовите во Изборниот колеџ. Од скоро сите 125 милиони пребројани гласови Клинтон доби 47,7, додека Трамп 47,5 проценти. Станува збор за разлика од околу 236 илјади гласови. Со тоа Клинтон е вториот претседателски кандидат во изминативе пет избори кој добил повеќе директни гласови, но не успева да влезе во Белата куќа поради системот со Изборниот колеџ, односно гласовите што според популацијата ги има секоја сојузна држава. Трамп обезбеди 290 изборни гласови, а за да се стане претседател неопходни се 270. Клинтон има 228 гласови во Изборниот колеџ.